Актуелно 18.08.2018 19:11

Мицкоски: Не е заштитен институционалниот идентитет, а со тоа не е спасен ниту националниот идентитет

Мицкоски: Не е заштитен институционалниот идентитет, а со тоа не е спасен ниту националниот идентитет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат ТВ истакна дека кампањата за рефереднумот ќе биде стерила и тросмислена се со цел да се дефокусираат граѓаните на Република Македонија.

Тој посочи дека со договорот со Грција не е заштитетн институционалниот идентитет, а со тоа не е спасен ниту националниот идентитет како што тврдат од СДСМ.

-Очекувам една прилично стерилна и тросмислена кампања. Кампања која што ќе има за цел да го дивергира фокусот на граѓаните во погрешна насока но мислам дека граѓаните на Република македонија се умни луѓе и точно знаат да препознаат кога некој се обидува невешто да ги манупилира. Претпоставувам дека главен акцент ке биде ставен на тоа дека го заштитиле идентитетот што апсолутно не е точно и во периодот кој што следи јас лично но и моите соработници од партијата на оној простор кој што ќе ни биде оставен во медиумите ќе се обидеме да објасниме дека таа теза не е точна. Ако вие не успеавте да го заштитите институционалниот идентитет , тогаш како можете гордо да кажете дека сте го заштитиле националниот, бидејќи тие две работи се поврзани како две сврзани садови. Вие не можете да кажавувате дека сте го заштитиле националниот идентитет кој што се темели на институционалниот идентитет, рече Мицкоски.

Најнови вести