Актуелно 21.12.2018 08:42

Мицкоски: Нека не’ снимаат, нека го видат овој наш пркос и мотив

Мицкоски: Нека не’ снимаат, нека го видат овој наш пркос и мотив

Сигурно сега од некој од оние затемнети прозори онаму горе е вклучена камерата. Снима, и преснимува. Ако нека снима, нека ја види оваа студ во нашите дланки, нека го види овој наш пркос и овој наш мотив. И нека се плашат тие што се внатре, затоа што ние ќе дојдеме по своето на следните избори. Ќе ви покажеме што значи гневот од народот. А, вие снимајте, лепете и преснимувајте, заокружувајте, правете квадратчиња, тука сме и нема да се повлечеме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш кој партијата го одржа во Скопје