Актуелно 06.07.2018 08:38

Мицкоски: Нема славје по улиците, тоа е затоа што сите знаат дека договорот е штетен

Мицкоски: Нема славје по улиците, тоа е затоа што сите знаат дека договорот е штетен

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно не стои зад кампањата на Фејсбук за бојкот на референдумот и кога имате нерационални политики и политики кои што се спротивни на државните и националните интереси, а вие сте дел од опозицијата, во случајот јас како претседател на најголемата опозициска политичка партија моја чест и должност е да го зачувам достоинството на партијата, татковината и граѓаните во Република Македонија, ова денеска го потенцираше Христијан Мицкоски во емисијата „Топ Тема“ на Телма.

-Јас денеска патувајќи од седиштето до вашата телевизија наидов на неколку полициски блокади, бариери и слично каде е ограничено движењето на граѓаните во овој град и ги прашав полицајците на што се должи сето ова и дали можеби се подготвува некакво славење, радост на граѓаните на Република Македонија, бидејќи во парламентот помина тоа што помина денеска, но тие ми рекоа дека се подготвуваат протести, а овој одговор ме зачуди бидејќи доколку нешто е за славење и ако е нешто добро за граѓаните, добро ќе беше тие да го прослават и да има некаква еуфорија и да се создаде впечаток дека Македонија триумфирала и дека по една година навистина дојде животот, истакна Мицкоски.