Несериозно би било доколку би се затвориле во една канцеларија и би договориле од прилика како би бил нашиот став за референдумот и би излегле два-тројца од нас и би го бранеле тој став пред јавноста. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и логично е бидејќи на тоа го темели и своето битисување како организирана политичка сила во државата, логично е да излезе на терен и да се консултира со народот.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Телевизија Сител.
Според досегашните анкети за расположението кај граѓаните, Мицкоски вели дека тие се поделени на три групи.
-Граѓаните се поделени на три групи- најмалата е онаа група која би излегла на референдум и би се изјаснила ЗА договорот, таа е во рамките на една статистичка грешка. Од прилика другите граѓани во Република Македонија кои се интервјуирани за време на акцијата „Лето за Македонија“ ги оставаат другите опции за размислување.