Актуелно 18.08.2018 18:41

Мицкоски: Новиот статут кој се подготвува ќе придонесе за поголема демократизација и отчетност како наш двигател

Мицкоски: Новиот статут кој се подготвува ќе придонесе за поголема демократизација и отчетност како наш двигател

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во интервју за Алсат М телевизија, зборуваше околу новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние немаме што да криеме, тоа е уште еден доказ дека третата генерација политичари во ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја освои јавноста со својата отвореност, отчетност и демократизација, што впрочем и е наш водечки двигател во целото ова постоење како ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за новиот институт во партијата, претседавач на Извршниот комитет, за што кажа дека таму има пропишана постапка како тој се предлага и избира.

-Никаде не вели дека претседателот на партијата не треба и не смее да биде предложен од група членови на Централниот комитет, а понатаму нормално избран со мнозинството на гласовите на членовите на ЦК, изјави Мицкоски.