Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Радовиш каде се сретна со жителите на ова населено место.
-Денес бев во Радовиш, на Божиќна средба со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Луѓето со тажен и загрижен поглед во очите велат, не оди вака, не ја бива. Разочарувањето од оваа власт е големо, не оди во економијата, земјоделците се понижени од немањето на грижа од владата, младите не гледаат овде иднина, работниците немаат повисоки плати, но затоа имаат поскап живот.
А најголежиот пораз е промената на името која ја спроведуваат. Предаството на државните и национални интереси станува основниот атрибут за спас на нивните политички кариери.
Предавството, а не работата. Македонија ја носат во амбис и мораме да ги спречиме. А ќе ги спречиме доколку силно и обединето им се спротивставиме.
Со оваа неспособна Влада нема ниту европска агенда на дофат, нема ниту подобар живот. Затоа мора да си одат. Што побрзо, тоа подобро, за нашиот народ и за нашата држава. Граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, стои во статусот на Мицкоски објавен на Фејсбук.