Актуелно 06.09.2018 18:11

Мицкоски оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Мицкоски оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На средбата, како што соопштуваат од партијата, станало збор за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава.

Воедно тој подвлекол дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела, а ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање.

На средбата било потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се до сега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба.

Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување, било истакнато дека  ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседавал Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Најнови вести