Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет на САД и поранешниот британски генерал Барни Вајт-Спанер како претставници на Охридската Група.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, евроатлантските интеграции на Македонија и престојниот референдум.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата ја реафирмираше стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.
Соговорниците се согласија дека евроатлантските интеграции се клучни за понатамошниот развој на државата, развојот на животниот стандард, реформските процеси и целокупниот развој на Македонија.
Мицкоски истакна дека договорот со Грција, ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати, бидејќи е спротивен на државните и националните интереси на Република Македонија и претставува механизам за понатамошна блокада на интеграцијата на државата во ЕУ.