Остварив средба со Дejвид Мекалистер потпретседател на ЕПП и Претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент. Му ја пренесовме загриженоста за нарушувањата на изборниот процес и лошото искуство со бројните престапи од последниот референдум, како и отсуството на волја на власта во Македонија сето тоа да добие правна разрешница. Пријателот на Македонија Мекалистер се заложи за обезбедување на фер и демократски избори и со својот личен ангажман ќе се обиде да влијае да не дојде до крадење на изборната волја на граѓаните или креирање на недемократска атмосфера во пресрет на изборите, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.