Актуелно 28.11.2018 23:10

Мицкоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори е првиот чекор кога ќе си ја ослободиме татковината

Мицкоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори е првиот чекор кога ќе си ја ослободиме татковината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва пред големиот број на граѓани порача дека власта ветуваше раст на БДП од 5% и “живот“, а донесе пекол и темнина кај секој еден граѓанин во Република Македонија.

-Ќе димензионираат трета година економија во Република Македонија, ќе димензионираат 3,2%. Па каде ви се тие 5%, така го лажевте ли народот? Или ви беше битно да дојдете до фотелјите за да можат тендерите да врват, а за да ви врват тендерите ја поништивте комисијата, Советот за јавни набавки, за да можете во 4 очи да го пљачкосувате и крадете македонскиот народ. Нели ви е срам? За тоа ли луѓето ви го дадоа гласот? Национално не уништивте. Направите Македонецот да биде рамнодушен на се. После сите овие понижувања и омаловажувања што ни ги направивте овие година и половина. После сите распродажби на националните интереси. После целиот хорор кој што и го направите на вашата татковина. Направивте, се обидовте да направите Македонецот да биде рамнодушен, но ние нема тоа ви го дозволиме. Ние ќе застанеме еден до еден сите заедно со сите граѓани без разлика на нација, без разлика против вера против вас и ќе ви го покажеме вашето место во историјата, на темната страна на историјата. На следните предвремени или редовни парламентарни избори ќе ве поразиме жестоко и ќе ви го покажеме местото каде вистински припаѓате, на буниште. Црнила е зборот, почитувани сопатници кои што денеска нас ни се случува во Република Македонија. Црнила и темнина надвладеа над нашата мила татковина Република Македонија. Но, затоа сме ние тука колку сме, толку сме, токму сме и ќе им покажеме дека пред зората е најтемно и после овие црнила доаѓа зората, а зората носи нова надеж. Надеж за подобро утре, за подобра иднина на нашите граѓани. Ветуваа Гугл ќе го донеселе, Фејсбук ќе го донеселе, а шајка не забодеа. Шајка не забодеа, и тоа што беше направено годините порано го уништија, не можат ни тоа да го искречат а камоли па нешто да донесат. Ќе шетаат по телевизии, еден по еден ќе се редат и ќе ме убедуваат да гледаме низ  очилата со кои што тие гледаат. Нема тоа да ви го дозволиме. Нема да ви го дозволиме затоа што нема да се тргнеме од тука се додека не ви го видиме тилот како излегува од оваа зграда. Затоа што го пониживте, омаловаживте и уништивте Македонецот во Македонците. Затоа што ги пониживте и омаловаживте сите граѓани без разлика на нивната етничка и национална припадност. Ги пониживте и омаловаживте и затоа ќе ве поразивме жестоко од прв до последен, да знаете. И тоа ви го ветувам, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакна дека нема да ветува чуда, туку ќе дава ветувања кои сигурно ќе ги исполни.

-Ве молам и Вие кои што денеска застанавте рамо до рамо со нас и вие кои што не гледате од дома, секогаш кога ќе ги полните штабовите, кога ќе доаѓате до нашите сограѓани, до нашите соборци да им ја кажувате вистината за ВМРО-ДПМНЕ. Да бидеме чесни и принципиелни и најважно од се честити. Затоа што само така можеме да ги освоиме повторни и довербата и срцата на нашите сограѓани. Нема да ветиме 500-тини километри автопат затоа што тоа е невозможно, но ќе ветиме 500-тини километри патишта кои што ќе ги направиме за да нашите сограѓани помалку имаат незгоди на тие исти патишта. Нема да ветиме дека ќе донесеме чист воздух, како што кажуваше еден политичар кој што сега претпоставувам се наоѓа внатре во некоја од просториите на оваа зграда. Не можеме тоа да го ветиме дека само што не паднал тој и веднаш ќе почне да дува алпски воздух. Нема тоа да го направиме. Но, ќе ветиме 30 проценти на намалување на загадувањето секаде, затоа што имаме методологија и емпириски докажана методологија дека тоа ние го можеме да го растераме црнилото кое надвиснало над македонските градови и села. Нема да ветиме нешто што не можеме да исполниме. Но, тоа што ќе го ветиме тоа почитувани сопатници и ќе го реализираме. Чувствувам емоција, чувствувам пркос кај секој еден од нас овдека присутен. Чувствувам љубов и најважно од се чувствувам мотив дека во овој наш пат кој нема да биде ниту лесен, кој што нема да биде ниту едноставен, ќе издржиме, ќе изодиме заедно и ќе стигнеме до нашата цел, истакна тој.

Целта е, порача Мицкоски, победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремени или редовни парламентарни избори кога и да се случат.

-Ни треба мобилизација. На денешен ден сите вие, сите ние но и оние кои што не беа денеска со нас, а знам сигурен сум дека ќе ни се придружат на улиците ширум Македонија или овдека на платото пред Владата на Република Македонија, сигурен сум. Пред една година бевме сведоци на груба злоупотреба на власт кога на пратеници од опозицијата се ставаа лисици и брутално се омаловажуваа пред очите на македонската јавност. Истото тоа, истото тоа браќа и сестри беше констатирано и од народниот правобранител и се разбира кога станува збор за СДСМ одговорност нема, но ќе дојде денот кога ќе одговарате сите до еден. Убиства ни се случуваат по улиците во главниот град. Брутални убиства по чикашки методи од средината на 19 Век, но нема ниту луѓе пред судовите ниту сторители на тие дела. Каде е сега министерот за внатрешни работи да излезе и да каже. Или полесно му беше да ги апси пратениците од опозицијата или можеби му беше полесно да прати вооружени припадници на Министерството за внатрешни работи да го заобиколат штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Да ги претресуваат нашите возила, да бараат луѓе во гепек, да бараат луѓе по нашите седишта. Тоа ли е демократија, тоа ли е опозициона мисла. На тој ли начин сакаат со опозицијата да се справат, на тој ли начин сакаат да ја задушат опозицијата. Нема тоа да ви го дозволиме, ќе издржиме повторно ќе ви кажам ќе ве победиме сите до еден внатре од прв до последен. Ќе дојдат избори како и секогаш сакам да бидам искрен до крај така и овој пат, за да има избори мора да се избориме, а за да се избориме мора овој мотив, љубов и искрено чувство брат на брата, сестра на брата да трае недели, месеци можеби од сега, но ќе дојдат избори еве ги претседателските доаѓаат. Ајде тука жестоко да победи нашиот кандидат, ајде тука ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија да победи. Тоа е првиот чекор кон триумфот на овие луѓе. Тоа е првиот чекор кога ќе си ја ослободиме татковината од стегите и прангиите на овие што се внатре. Од тука треба да почне нашата победа, а до тогаш овде да се наоѓаме ширум улиците, плоштадите и булеварите во Република Македонија. Само така ќе дојдеме до избори и до посакуваниот триумф на тие избори, почитувани наши сопартијци. Тоа е единствената емпириска формула по која ќе се дојде до конечниот триумф, истакна Мицкоски.