Актуелно 18.12.2018 11:37

Мицкоски: Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер- оставка поради црнилата кои ѝ ги донесе на Македонија

Мицкоски: Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер- оставка поради црнилата кои ѝ ги донесе на Македонија

-Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива. Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување. Затоа оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија!, пишува Мицкоски.