Актуелно 26.02.2019 15:09

Мицкоски положи цвеќе на вечното почивалиште на Трајковски: Наша задача е да веруваме во Македонија

Мицкоски положи цвеќе на вечното почивалиште на Трајковски: Наша задача е да веруваме во Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски положи цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, по повод 15 години од смртта.

На својот Фејсбук профил тој порача дека заслугите на Трајковски остануваат да се паметат.

„Верувам во Македонија!- беа зборовите на претседателот Борис Трајковски.

15 години подоцна нивното значење подеднакво е актуелно и значајно.

Претседателот Трајковски останува да се памети, како и неговите заслуги за нашата Македонија, а наша задача е да веруваме во Македонија и заеднички да ја создадеме иднината.

На Македонија и е потребно лидерство и победи! Тоа заеднички ќе го оствариме“-порача Мицкоски.