Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тв гостување во вестите на Алфа, истакна дека целата онаа конфузија која што во СДСМ се случува навистина е загрижувачка и претставува уште една причина за да бидеме сомнежливи дека се можни фер претседателски избори.
-Последната изјава на претседателот на владата Зоран Заев, кој вели дека бил премлад за да биде кандидат за претседател на државата, но дали е премлад и господинот Оливер Спасовски кој што е две години помлад од Зоран Заев, дали со оваа несреќна изјава Зоран Заев го елиминираше Оливер Спасовски од трката за претседател, запраша Мицкоски.
Тој праша дали и оние кои се повозрасни од Зоран Заев, како Радмила Шеќеринска и Никола Димитров дали се навистина во зрели години и во вистинска возраст да бидат претседателски кандидати.
-Целата онаа конфузија и внатрепартиски битки овој версај кој моментално се случува во СДСМ ги прави се понервозни, а додека пак нас тоа ни дава основно сомневање да веруваме дека во таа збунетост во тоа бунило во кое што се наоѓаат СДСМ и Зоран Заев, може да предизвика како реакција лошо организирани претседателски избори, вели Мицкоски.