Актуелно 26.08.2018 17:56

Мицкоски: Разговараме со младите за реалните општествени и економски проблеми и нивно решавање

Мицкоски: Разговараме со младите за реалните општествени и економски проблеми и нивно решавање

Денеска на покана во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски беше во Лесновскиот манастир во близина на Пробиштип, во близина на Злетово.

-Генерално ќе има настан каде што ќе може да разговараме со младите, но и со жителите на Пробиштип и на Злетово околу реалната политичка и економска состојба во државата за сите оние проблеми кои што нормалниот граѓанин, обичниот граѓанин на Република Македонија ги тиштат. Ова е дел од нашата кампања Лето за Македонија. Ќе можеме да поразговараме отворено на многу теми, ќе можеме да разговараме за младите што е она што е нивен реален проблем, што е она што ние како политичка партија ќе можеме да го понудиме во иднина кога ќе ја формираме новата влада на Република Македонија. Но, истовремено неизбежен дел од овие наши средби ќе бидат и средбите со локалното население. Знаеме дека Пробиштип е рударски но исто така има голем дел од населението кое се бави со земјоделие, а гледаме дека земјоделието во последно време е на колена благодарение на нереализираните ветувања и лажните ветувања од страна на владата на СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните говореше за нивните реални проблеми.

-Од тука ќе може да извлечеме голем број искуства кои што се поврзани со реалните проблеми на македонскиот земјоделец и се разбира во подготовка на програмата за следните партиски кампањи, но и предвремени или редовни парламентарни избори ќе можеме да понудиме соодветни решенија за тие проблеми, рече тој.

   

Најнови вести