Актуелно 21.12.2018 08:52

Мицкоски: „Шарените“ фарбаа по улиците за сега да седат дома, а луѓето од транзицијата да уживаат во привилегиите

Мицкоски: „Шарените“ фарбаа по улиците за сега да седат дома, а луѓето од транзицијата да уживаат во привилегиите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Скопје се осврна и на, како што рече, неправдите и судството.

-Сестрата директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентитет, а тоа е археологијата, образованието и историјата. Ќерката државен секретар во секретаријатот за европски прашања. Мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ, епа шарени мои, епа шарени мои сограѓани, браќа и сестри од СДСМ за овие трчавте вие. За вакви кланови да ви се инсталираат, мајката, ќерката, таткото, сестрата, такви ги има стотици и од протест на протест ќе ги спомнуваме. За тоа трчавте пред две години и затоа ги фарбавте улиците, да седите вие дома, а они да уживаат во привилегиите. Тоа е истиот СДСМ од времето на транзицијата кој што пљачкаше и хараше, тоа се тие истите луѓе, истакна Мицоски.

Тој додаде дека тоа се реформите во судството, онаа правдина и право со кое што се тргува, заедно со оние, како што рече, нивни поранешни браќа и сестри кои што ја ставија својата чест и достоинство, рамо до рамо со Зоран Заев.

-Тие честити луѓе, душата ме боли кога тоа го гледам и многу луѓе ме прашаа, зашто гласавме, ќе гласаме за секој оној кој што може да се спаси од политички прогон, затоа што нашата позиција е чесна, честита и принципиелна, вели Мицкоски.