Актуелно 24.09.2018 20:58

Мицкоски: Со договорот се откажуваме од сите стекнати права од минатото како држава

Мицкоски: Со договорот се откажуваме од сите стекнати права од минатото како држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување на телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ го потенцираше фактот дека со Договорот од Преспа, Република Македонија се откажува од сите стекнати права во минатото како држава.

Лидерот на опозицијата ги спомена резолуцијата на ОН, времената спогодба и Хашката пресуда од 2011 година, како предности од кои Македонија се откажува со овој договор.

Според Мицкоски договорот е документ кој што апсолутно не им гарантира на граѓаните никаква подобра иднина. Тој вели дека никој не гарантира дека Грција никогаш повеќе нема да не блокира.

-Договорот е апсолутно документ кој што не им гарантира на граѓаните никаква подобра иднина ако бидат исполнети сите овие услови кои што се дел од домашната задача. Никој од друга страна вас не вели ви гарантира дека никогаш повеќе Грција нема да ги користи нејзините политички мускули и да ја спречува Македонија во нејзиното интегрирање во ЕУ. И знаете што е уште потешко, со овој Договор ние самите се откажуваме од оние предности кои што сме ги имале во минатото, а тоа се, Резолуцијата на ОН, Времената Спогодба и од 2011 Хашката пресуда. Што значи сега тоа? Ако во еден момент Грција одлучи да ги примени нејзините мускули во процесот на преговори на Македонија со ЕУ, тогаш ние веќе ќе немаме аргументи каде да се пожалиме, бидејќи тој судија ќе ни каже вие самите сте се откажале со овој договор од тие аргументи. Нема што сега вие да доаѓате да се тужите со нас, вели Мицкоски.