Актуелно 13.08.2018 17:58

Мицкоски: Со договорот со Грција е загрозен институционалниот идентитет кој е столбот на идентитетот на една држава и народ

Мицкоски: Со договорот со Грција е загрозен институционалниот идентитет кој е столбот на идентитетот на една држава и народ

Од она што можам да го забележам што се случува деновите, но и неделите претходно, кампањата на владата е сериозно забрефтана, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Веќе серозно е присутна дали на социјалните мрежи или непосредно преку медиумите, еден податок што загрижува имавме еден фијаско настан кој што го организираше владата, а кој што требаше да значи ден каде граѓаните на Република Македонија ќе ја слават добиената условена покана за прием во НАТО алијансата. Мислам дека владата нема капацитет да се справи со еден ваков предизвик на кој што се намерачила да се справува, така да мислам дека многу бргу јавноста во Македонија ќе биде сведок на уште едно големо фијаско, кое што најверојатно ќе изобилува со големи криминали, полу вистини и недоречени работи. Гледаме дека владата целокупната своја кампања ја темели на тоа дека го зачувала т.н. идентитет. Еве  едно прашање до владата и до сите оние кои стојат зад таа теза дека е зачуван идентитетот, како е зачуван идентитетот кога институционалниот идентитет е изгубен? Многу пати во минатото претседателот на владата г-дин. Зоран Заев кажал па порекол, да се потсетиме на една таква негова изјава во која што велеше „дека таблата на зградата во која што јас сум претседател на владата пишува, Влада на Република Македонија и така ќе остане“, за неколку недели го порекне тоа што го кажал и ја кажа новата содржина на таа табла. Доколку сево ова би успеало Влада на Северна Република Македонија. Доколку вие го изгубите институционалниот идентитет кој што претставува „трејд марк“ на вашиот национален идентитет, каков идентитет вие сте зачувале. Не станува збор само за институционалниот, не станува збор само за емоционалниот идентитет, туку станува збор за погрешна логистика и погрешна стратегија во целокупниот процес на водење преговори, истакна Мицкоски.

Најнови вести