Актуелно 29.11.2018 18:41

Мицкоски со неговото интервју ја крена гледаноста на 1ТВ за три пати

Мицкоски со неговото интервју ја крена гледаноста на 1ТВ за три пати

Гледаноста на 1ТВ во периодот помеѓу 21 часот до 22:30 часот на 22.11.2018 година, кога се емитуваше интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски трократно се зголеми. Вообичаено AMR % на телевизијата се движи под 1, за во периодот на интервјуто на Мицкоски истото да изнесува од 2.11 до 3.02.

Интервјуто во кое Мицкоски зборуваше за политичката ситуација во државата, особено за тргувањето со правдата, каде се затвораат политички неистомисленици на оваа власт, додека нема ниту едно обвинение за претставници на актуелната власт.

-Вие имате случај во државата кога човек е фатен на дело како бара мито и тој е на една висока функција во оваа држава. Потоа, имате градоначалник во државата којшто е фатен како шверцува цигари и добива 6 месеци затвор којшто претпоставувам дома го издржува и никому ништо, истакна Мицкоски.

Дополнително Мицкоски во истото интервју зборуваше и за лажните ветувања на оваа власт, но и обид на истата да го отргне вниманието на власта од актуелните теми.

– Можеме да зборуваме за ланскиот снег колку сакаме, но тоа нема да ни донесе 500 евра плата, тоа нема да ни донесе реформи во „Кацарска судството“. Тоа нема да ја придвижи Македонија напред. Тоа нема да обезбеди повисоки пензии, почист воздух, посочи Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ при самото гостување на интервју на 1ТВ.

Наспроти манипулаторскиот карактер на Заев, Мицкоски понуди сосема нов пристап во политиката, базиран на чесност, искреност и отчетност.

-Не можам вас да ви ветам дека режимот е виновен затоа што имаме загадено Скопје и дека само да се промени режимот од тре ќе дојде чист, свеж алпски воздух. Тоа е невозможно. Но, можам да ви ветам методологија која во период од Х години ќе го направи воздухот помалку загаден за 30 проценти. Не можам да ви ветам 500 километри автопати, затоа што не е возможно, но можам да ветам дека ќе направиме 500 километри патишта низ Македонија, ќе ги реконструираме и реновираме бидејќи имам методологија и знам како тоа да го направам со моите соработници, кажа Мицкоски во интервјуто.

Најнови вести