Актуелно 07.03.2019 23:20

Мицкоски: Трагедија и понижување е промената на името и идентитетот, затоа е потребна убедлива победа на Силјановска

Мицкоски: Трагедија и понижување е промената на името и идентитетот, затоа е потребна убедлива победа на Силјановска

Вечерва гостин во отвореното студио на телевизија Алфа беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој во емисијата зборуваше за промената на името, Заевизмот во Македонија, претстојните претседателски избори, промената на имињата на државните институции како и за лидерската средба во недела.

Мицкоски: Трагедија и понижување е промената на името и идентитетот

Ние многу пати зборувавме кога се случуваше овој процес дека е егзионибистички, на дур практично се води целата таа работа и дека ова се преставува освен солидно решение кое ќе ги заштити интересите на Република Македонија, македонскиот народ и тоа како ќе одминува времето ќе се потврдува дека се што сме збореле е така, ова вечерва во отвореното студио на телевизија Алфа го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Најпрвин треба да ни е јасно дека пред овој договор во личната карта на ОН стоеше јасно и гласно граѓани на Република Македонија не постоеше, постоеше македонски народ, или преведен на шесте јазици, или сега како што е граѓани на Република Северна Македонија. Јазикот не беше со фуснота, они не убедуваа дека тоа го заштитија за потоа да бидеме сведоци на онаа Депеше што веднаш по уставните измени ја прати министерот за надворешни работи до неговиот колега до грчката влада каде што се правдаше дека ова „Macedonian“, не е македонски народ и македонски етникум, туку преставува државјанство, зошто ние кажувавме дека етникумот, националниот елемент се губи и останува само државјанството и сега сите сме граѓани на Република Македонија. Дури сега ја немаме ниту придавката македонски и сега наеднаш стана национална, на која нација?, прашува Мицкоски.

Тој вели дека Преспанскиот договор е една трагедија која и ја приредија на Република Македонија и граѓаните на Македонија.

-Јас не можам да го разберам мотивот кај овие луѓе што до толку сакаа да си ја понижат сопствената држава, народ и држава, вели Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за власта која ги нарушува условите за фер и демократски избори

– Фер и демократски претседателски избори треба да се задолжителни и треба практично да претставуваат услов за Македонија дали ги исполнува условите и дали практично Македонија е општество кое што треба да биде дел од европските структури и од Европската Унија, бидејќи ако нас ни се повторат оние искуства кои што се случуваа за време на референдумот, кога гласаа луѓе за 2, 4 секунди, каде што имавме излезеност поголема од 95 проценти иако на тие изборни места излезеноста беше помала од 50 проценти во четири, пет изборни циклуси наназад. Ако гледаме дека ова што сега ни се случува практично претставува обезбедување на полпозиција за кандидатот некој што е предложен од страна на владејачкото мнозинство, како што се вештачки оние работни места, а гледавме и пораки кои излегоа на одредени портали од страна на премиерот како се вработуваат луѓето во Република Македонија, во државните во локалната самоуправа, вели Мицкоски.

Според него на само 45 дена од изборите, Владата и Министерството за земјоделие го кршат Изборниот законик со потпишување на договори за земјоделско земјиште како и и исплаќање на трансфери од државниот буџет.

Потоа, практично на 45 дена од денот на гласање вие имате потпишување на договори во рамките на Министерството за земјоделие за таканаречен закуп на земјоделско земјиште. Ако гледате дека на дневна основа имате трансфери, интервенционизам од страна на државниот буџет ќе видете дека целокупната трка на самиот почеток е дискутабилна. Тоа треба веднаш да престане, бидејќи истите овие луѓе кога беа опозиција исто така се спротивствауваа критикуваа за сега да го видиме нивното вистинско, двојно лице кога истото тие го надградија, го проширија и го практикуваат во Република Македонија.

Мицкоски, истакна дека и покрај сите овие нечесни работи, Заев и Пендаровски на 21 април ќе се соочат со пораз од страна на граѓаните на Република Македонија.

Не е чесно не е фер, но и покрај сето тоа народот на 21 април ќе му каже на Зоран Заев и неговиот кандидат што мислат за нив двајцата како тандем порача Мицкоски.

Мицкоски очекува и убедлива победа на Силјановска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека очекува убедлива победа на професорката Гордана Силјановска Давкова во претседателската трка. Тој посочи дека очекува граѓаните да го поразат „Заевизмот“ со победата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, поради како што вели, компаративните предности на Силјановска пред Пендаровски кои според него се неспоредливи.

-45 дена не делат до денот на изјаснувањето, до референдумското практично изразување на граѓаните на Република Македонија, дали го поддржуваат Заевизмот во оваа форма во која што сега е присутен во македонското општество и дали ќе одлучат да му дадат легитимитет да продолжи во таа форма. Или пак навистина ќе се бориме за право и правна држава, за честита Македонија, Македонија која што ќе понуди реален успех, а не лажни ветувања и надеж. 21 април е тој ден и јас навистина очекувам како што кажав и во првиот дел од емисијата една голема победа на професорката Силјановска, затоа што компаративните предности се навистина неспоредливи, вели Мицкоски.

„Пендаровски самиот си кажа дека не е консензуален, туку кандидат за спас на кариерата на Заев“

– Навистина сум збунет дали е консензуален или не е консензуален кандидат, господинот Пендаровски затоа што вчера го слушав на едно интервју малку делуваше како да не е во сопствената кожа и кажува те бил те не бил, те ги почитувал одлуките те не ги почитувал одлуките на СДСМ и така натаму па од кога имаше малку непријатни прашања видовме дека практично е збунет и конфузен односно не знае дали е консензуален или не е консензуален. Но она што е важно е суштината е дека не само што не е консензуален кандидат туку тој е кандидат за спас на политичката кариера на Зоран Заев и аминување на заевизмот, истакна Мицкоски.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение: