Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија Сител потенцираше дека доколку власта го прифатела барањето на опозицијата референдумското прашање наместо да биде повеќезначно и манипулативно, единствено да се однесува на Договорот од Преспа, опозицијата ќе започнеше масовна кампања и убедување на граѓаните дека договорот е штетен и не ја гарантира европската иднина на државата. Мицкоски е убеден дека во ваква една хипотетичка ситуација во која ќе се одмерувале политичките аргументи, поголемиот дел од граѓаните ќе се изјаснеле против овој како што вели капиутулантски договор.
-Точно тоа е уште една теза која што владата на СДСМ и Зоран Заев се обидуваат да ја извртат, но вистината е каква. За време на последната лидерска средба кога разговаравме за карактерот на референдумот и референдумското прашање што ќе биде дел од референдумскиот процес предложивме, референдумско прашање кое што ќе се темели исклучиво на договорот и кое што ќе биде еднозначно. Ќе го повторам, еве ќе ја искористам оваа прилика истото да го повторам. Имено стануваше збор за прашање кое што велеше вака ,, Вашиот став за договорот потпишан помеѓу МНР Димитров и МНР Коѕијас тогаш, таму за, против.’’ Бевме подготвени како ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како партија, како политичари сме принципиелни, чесни и искрени, веднаш откако тоа прашање ќе биде прифатено од парламентарното мнозинство да излеземе со изјава и кампања и масовно убедување на граѓаните ширум Македонија дека овој договор е штетен и овој договор не ја гарантира европската иднина на нашата држава. И тогаш многу лесно ќе се видеше за на Зоран Заев , Димитров и Шекеринска кои што беа убедени дека потпишале договор кој што навистина подобар не можел да биде и она наше против кое што велеше, не е точно ова е капитулантско дело. Во една таква ситуација ние ќе имавме политички аргументи од едната, спротивни на оние кои што ги има другата страна и ќе можевме да видиме како на тоа ќе реагираат граѓаните и впрочем кој ќе биде на крај победникот. Јас бев тогаш, но и сега сум убеден дека доколку имавме таква ситуација, дека оние граѓани кои што ќе одговореа негативно на тоа референдумско прашање ќе беа во големо мнозинство, вели тој.
Според него свесни за сигурниот пораз и свесни дека мнозинството на граѓани се против договорот власта се одлучила да ги манипулираат чувствата и совеста на граѓаните, како што тоа впрочем го правата од времето на транзицијата, заклучи Мицкоски