Актуелно 19.09.2018 23:17

Мицкоски: Власта тоне во криминал, а Заев вели „ако ги сменам нема со кого да работам“

Мицкоски: Власта тоне во криминал, а Заев вели „ако ги сменам нема со кого да работам“

-Грешка е да се даде 36 милиони евра тендер на фирма која постои само 7 дена и да нема никаква одговорност за одговорните, а изговор да биде јас не можам да ги сменам бидејќи немам со кого да работам, вели Мицкоски.

Според него ова не е грешка, туку катастрофа која може да ја прави само СДСМ и Зоран Заев, а на крај ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.