Актуелно 22.09.2018 19:44

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е единствено и ќе ги разочарам оние кои се надеваат на нешто поинакво, во партијата нема раскол

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е единствено и ќе ги разочарам оние кои се надеваат на нешто поинакво, во партијата нема раскол

-Не само што нема раскол, туку ВМРО-ДПМНЕ е единствено, продолжува во периодот кој следува да ги презентира своите политики и навистина морам да ги разочарам сите оние луѓе кои што се загрижени за состојбата во ВМРО-ДПМНЕ. Јас ја ценам нивната загриженост, но нема потреба да бидат. Јас сум човек кој што секогаш е отворен за различни мисења, така што секој оној кој што ќе аргументира пред мене различно мислење јас тоа го прифаќам, станува дел од моето секојдневие и на тој начин човек може д абиде само поквалитетен. Од секоја порака човек може да научи доколку таа е аргументирана и се темели на факти, но секако доколку знам дека е плод на шпекулации, полувистини или невистини, се обидувам тие да ги квалификувам во зоната на слабостите, рече Мицкоски.