Почитувани присутни,
Коста Абраш напиша
Црвена е крвта што врие и тече,
црвена е молњата облаци што сече,
црвено е небото в зори што се смее,
црвено е знамето гордо што се вее;
Вонвременскиот Прличев пак ќе напише
.. лицем светци, срцем в,лци
Ќе ве дават ќе ве стрижат, ќе млзат до крв
Меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,
Да се мрази син со татка и со брата брат.
Нема тоа да им го дозцолиме, биле во право.
На 30 ти во Недела, на денот на референдумот станете и размислете, и ве молам секој еден од вас, македонец, албанец, турчин, ром, србин, бошњак, влав, египјанец, размислете дали живеете подобро со овие луѓе на власт и дали овој договор ќе ја донесе иднината каква ја посакувате. Ние македонците немаме друга татковина. Слушајте го вашето срце, и расудете со мудрост и јас знам дека ќе донесете правилна одлука. Македонија е нашето се, Како нашиот сон, нашата идеја, нашата борба и огромна љубов. Кренете главата гордо и високо Македонци, граѓани на Македонија, и сите ние, сите вие да застанеме под знамето кое гордо ќе се вее, низ сите невремиња ,порази и победи. И нека слушнат сите на кои тоа не им е јасно, Македонија е европска земја, Македонија мора напред. Македонија ќе победи!