Нашата борба штотуку почна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестен марш во Скопје.
За власта рече дека за она што го направија ќе завршат на буништето на историјата.
Мицкоски вели дека добиваат поддршка од граѓаните.
-Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга која што ќе нѐ води кон просперитет, изјави Мицкоски.
Порача дека немаме резервна татковината.
-Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа, вели тој.
Мицкоски кажа дека нема да се повлечат. Oбвини дека јавниот долг на државата е 40% од БДП. Граѓаните извикуваа „оставка“.