Актуелно 20.01.2019 13:17

Мицкоски за Press24: Губењето на државата и сиромаштијата може да се стопира само со смена на оваа власт

Мицкоски за Press24: Губењето на државата и сиромаштијата може да се стопира само со смена на оваа власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за порталот Press24,говори за сите актуелни теми во Македонија.

Тој порачува дека губењето на државата и сиромаштијата може да се стопира само со смена на оваа власт.

Целото интервју, КУРИР ви го пренесува во продолжение:

Press24: Законот за двојазичност е објавен, очекувате ли тој да биде оспорен од Уставниот суд, односно поништен?

Мицкоски: Сега Уставниот суд е на тест, останува да видиме дали ќе го одбрани својот интегритет и ќе го заштити уставот или ќе потпадне на политичките притисоци. Едниствено што треба да го земат во предив при одлуувањето е словото на уставот поради што овој суд и постои и праксата од минатото која недвосмислено покажува дека законите не се валдини без потписот на Претседателот. Нападнат е Уставот и Уставниот суд мора да го одбрани.

За жал самата постапка на објавување на неуставниот закон за двојазичност преставува продолжување на насилието на власта. По смената на името во Собранието,  која се одвиваше по еден насилен пат, по пат на уцени и закани, каде спротивно на волјата на народот се донесе промена на уставот со која се менува името и идентитетот, гледаме како Македонија со чело на ова власт продолжува да губи. И тоа губи драматично. Имаме еден кукавички чин на Заев, каде додека скија во еден од германските туристички центри, практично даде наредба, даде зелено светло да се објави неуставен закон, со кој Македонија повторно губи.

И објавувањето на овој закон не е дека тој наводно ќе ја подобрел состојбата на Албанците, туку тој чисто поради пр, поради борба за албански гласови прогласи двојазична Македонија. Наместо да објават некоја странска инвестиција тие објавија двојазичност.

Press24: Дали ви пречи да се зборува албански?

Мицкоски: Не, јас немам против ниту еден јазик, но мене ми пречи да се крши Уставот и законите и да се менува карактерот на државата.

Заев освен името и идентитетот, сега го менува и карактерот на државата, добиваме некакви обележја на хибридна федеративна творба во која политичарите на власт ја имаат киднапирано власта од народот.

Македонците ги губат своите обележја, додека се ставаат во подредена состојба и другите малцинства во државата.

И не само тоа, зачудува жестокоста со која се гази правото. Заев го заглави директорот на службен весник, човекот направи кривично дело  кое не застарува минумум 5 години.

Еден криминал води кон друг криминал. Имаме криминалци на власт. Погледнете, имаме претседател на собрание кој по насилен пат беше избран, имаме име кое го променија незаконски, спротивно на волјата на граѓаните, сега имаме и двојазична Македонија. Зоран Заев е националната катастрофа во оваа држава со кој само губи земјата, изборите се единствениот начин тоа да се спречи.

Press24: Се промени Уставот, договорот со Грција се донесе, Заев го направи потребното мнозинство. Вие велете дека ќе направите се за да се промени неправдата. Што ќе направите, можно ли е исправање на неправдата или се работи за политички популизам?

Мицкоски: Многу работи во минатото за кои реков дека ќе се случат се случија.  Сега ви велам дека доколку ја добиеме поддршката од гласачите ние ќе промениме многу. И ќе направам се за да се промени таа неправда. Ќе видите имаме план. Македонските граѓани треба да сфатат дека вистинската сила се токму тие и многу внимателно да ги гледаат работите и да анализираат. Ни се случува атентат врз државата. Како поинаку да се толкува ова што денес ни се случува. Македонија со Заев го смени уставот, името, идентитетот, сега се менува карактерот на државата, да не говорам за економската катастрофа и катастрофата во другите сфери. Ова е национален срам приреден од Заев. Да не се заборави како се изврши промената на името. Незаконски, нелегитимно, на сила. Заев е спремен се да направи само да си ја сочува фотељата. Бидејќи тој со економија само со криминал умее, во политика умее само со распродавање и распарчување на државата. И така овој човек гледа спас за себе и своите најблиски. Но греши, го потценува народот кој гледа се, и прати се. Ќе го стигне казната, и онаа од народот, а богами и од правната држава.

Press24: Барате ли избори за да не ги добиете?

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара избори, заедно со претседателските. Ги бараме веднаш, избори на еден трошок, парламентарни со претседателски. Бараме за да граѓаните стават крај на ова лудило, на ова бесчестие што и се случува на Македонија, да го стопираат губењето на државата.

Овие избори доколку се случат, нема да бидат избори на кој само се избира премиер и претседател на државата, туку избори на кој се одлучува за Македонија. Ова ќе биде најзначајниот референдум за Македонија, на кој граѓаните ќе ја носат најважната одлука во својот живот за иднината на својата земја. Еднакво важна или можеби и поважна одлука од таа на 8 септември 1991 година. Треба да сфатат луѓето дека со оваа власт Македонија ќе ја нема во овој облик и форма која ја знаеме затоа треба избори, претседателски и парламентарни со техничка влада за да се сопрат можностите и опаснстите за криминал, за местење на изборите. Таквото местење преставуваат сериозна закана бидејќи овие луѓе само така може да опстојат на власт. Со местење. Со притисоци и закани, затоа бараме техничка влада. Заев нека не се крие во Германија на скијање. Нека дојде и распише избори. Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе победи, а Заев ќе падне, ќе падне силно и ќе биде отфрлен од народот.

Press24: Дали сметате дека имате коалициски потенцијал со албанските политички партии?

Мицкоски: Мене најважно ми е да имаме одговори на прашањата и решенија кои им се потребни на граѓаните, бидејќи  ВМРО-ДПМНЕ прави коалиција пред се со граѓаните и ги застапува нивните интереси. И секоја коалиција која во иднина ќе ја прави ВМРО-ДПМНЕ ќе биде врз база на заштита на интересите на тие граѓани. Јас разговарам со албанските политичари но во основа нашата комуникација сегашна и идна треба да биде врз основа на принципи, а не на гол популизам. И Албанците подеднакво како Македонците живеат лошо.

Press24: Говорите за политички притисоци, мислите ли дека тие ќе престанат?

Мицкоски: Не тие ги има, и тие ќе се интензивираат, затоа што оваа Влада паѓа и губи контрола. Само очајници превземаат очајни мерки. Но како поминува времето и народот добро гледа што се одвива. Видете го последниот случај, Јане Ченто е над година дена во притвор. Го пуштија во домашен притвор, па го вратија пак во затвор. Последно затворската полиција физички се пресметала со него, а тој голорак. Зад решетки повеќе од година дена. Јасно е дека се работи за политички монтиран случај. Има повеќе такви, а верувам и дека ќе продолжат да монтираат. Не може правдата да биде селективна, таа тогаш станува неправда. Ако некој навистина сторил криминал, мора да одговара, ама неселективно, одлучно. Две години се на власт една реална постапка немаат против некој свој функционер.

Press24: Владата се пофали со проекти од 4.2 милијарда евра инвестиции за транспортна инфрструктура. Велат дека брзо ќе почне да се гради и Чебрен и Галиште. Што се вашите видувања за ова?

Мицкоски: Ајде да одиме по ред. Прво планот кој го соопштија од 4.2 миијарди евра за инвестиции во транспортна инфраструктура, ќе кажам дека е инзворедно неразвоен и манипулативен. Затоа што треба да се искрени и погласно да кажат дека тој е до 2030 година. Односно сега па за 12 полни години, каде во меѓувреме ќе се потрошат буџети од најмалку 40 милијарди евра. А они се фалат со 4.2 милијарди кои нема ни да бидат во состојба да ги реализираат. Па навистина ги потценуваат граѓаните фалејќи се со нешто што треба да се заврши за 12 години од сега, во ситуација кога нам ни треба рапиден раст. Второ што се однесува до Чебрен и Галиште, навистина незнам што му пренесуваат на Заев неговите советници, или тој навистина им верува. Единствено нешто што имаат во раце е студија започната од минатата влада. Па се да се одвива по ултра брзо темпо, какво што до сега не сме виделе, првиот камен темелник на овој проект би бил од сега па за три години. Што значи дека станува збор за уште една лага. Трето гледам дека се фалат со гасификација. Вистината е дека тие ја успорија гасификацијата. Пракитчно примарната мрежа се гради со минимални капацитети и вака како што тргнало гас граѓаните од цела Македонија може да очекуваат по дури речиси една деценија. Друга загрижувачка работа што се одвива е тоа што има најави дека и она законско усогласување на пензиите кои се одвива секоја година, а со која тие растат по одреден процент, тој процент дополнително да се намали. Односно слушаме дека Владата ќе го крати. Значи наместо владата да им додаде, таа ќе крати од пензиите на пензионерите. Ние сме држава каде половина милион живее во сиромаштија. Поразителен факт. Губењето на државата и сиромаштијата може да се стопира само со смена на власта

Press24: Пазарџиите излегоа на улица, можно ли е пошироко граѓанско незадоволство?

Мицкоски: Владата ги зголеми даноците. Значи се осиромашува народот. Сега трга по работливиот и чесен народ кој со судна мака се бори за својата егзистенција. Неправеден закон за пазарџиите и тие ја имаат мојата целосна поддршка. Апелирам владата да се откаже од она што го направи како законска измена, ако не го направат тоа, можам да ветам дека ние тоаќе го направиме по промена на власта. Имам целосно разбирање за тие луѓе како и за излјадници други кои се обесправени. Да не ги заборавиме избрканите од Југохром, стрдалниците од Еурокомпозит, од Колска, од Охис и многу други. На оваа влада ќе и се случи социјален бунт.

Press24: На крај што би му порачале на Заев?

Мицкоски: Освен добро здравје, да си ги осмисли деновите за политичка пензија кога ќе треба да се соочи со последиците од работите кои ги прави денес.