Актуелно 15.09.2018 19:12

Мицкоски: Заев е личност со најмал кредибилитет во државата да кажува граѓаните што да прават на 30ти, година ипол ја пустоши Македонија

Мицкоски: Заев е личност со најмал кредибилитет во државата да кажува граѓаните што да прават на 30ти, година ипол ја пустоши Македонија

Зоран Заев е личноста со можеби најмал кредибилитет во нашата држава која што има право да кажува што ќе прават граѓаните на 30 септември, откако еве година ипол гледаме како ја пустоши Македонија, како едно цунами да поминало низ нашата земја, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неговото гостување во вестите на Алфа телевизија.

– На средбите со граѓаните во текот на акцијата „Лето за Македонија“, а можеме тоа да го видиме и на дело  и преку нивните сведочења да чувствуваме и да сочувствуваме со нивната емоција која што е поврзана со реалните проблеми кои што значат реален живот, вели Мицкоски.

Тој посочи дека минатото покажало дека Заев рекол и Заев порекол, односно дека во преостанатите две недели до референдумот може да се изнаслушаме од Заев уште многу изјави кои следниот ден може да ги коригира и да каже дека поинаку мислел кога тоа го зборувал. Затоа како што додаде од Заев се очекуваат уште многу такви непромислени изјави до 30 септември.

На прашањето дека Заев повикува да не се прави ајвар на 30ти септември туку да се гласа, Мицкоски потенцираше дека тоа што поврзано со ајварот во Република Македонија е тоа што откако Зоран Заев е премиер тргна производството и продажбата во нагорна линија од фирмите на семејството Заеви.

Симболиката со Зоран Заев и ајварот само ќе остане на  неговите компании и компаниите на неговото семејство.  На 30 септември да оставиме граѓаните според сопствено убедување да го слушаат своето срце и разум и да постапат, онака како што тие им велат, истана Мицкоски.