Актуелно 13.02.2019 11:20

Мицкоски: Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

Мицкоски: Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

Откако СДСМ вечерва одлучи да не оди на предвремени парламентарни избори, се огласи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.

Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, пишува Мицкоски во статусот на Фејсбук.