Член на кумановската група осуден за нападот во кумановското „Диво насеље“ ги нападнал поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски на кои вчера им беше одреден триесетдневен притвор за организација на настаните од 27-ми април и двајцата беа префрлени во затворот во Шутка, објавува Независен.мк.
Јанакиески со скршеница на раката бил префрлен во болницата „8-ми септември“. Според непотврдени информации осуденикот почнал да ги навредува, а потоа следела физичка пресметка.
Од затворот во Шутка засега нема никакви информации.