Економија 28.03.2019 13:41

Милиони евра се фрлаат заради ненавремено сервисирање на РЕК, блок 2 останува вон функција

Милиони евра се фрлаат заради ненавремено сервисирање на РЕК, блок 2 останува вон функција

Блок 2 во РЕК Битола уште не е во функција, а според предвидувањата во употреба требаше да биде во вторникот.

Загубите поради неодговорноста и ненавременото сервисирање се огромни, па државата во која владее сиромаштија фрла милиони евра за овој проблем.

Првите предвидувања беа дека загубите во ваков случај ќе изнесуваат и над 1 милион евра, што е голема сума за држава и енергетски систем како македонскиот.

Но, секојдневно оваа сума расте. Имено, дневно се губат по 200.000 од производствен аспект, а за исклучување и уклучување плус 200.000. Блокот е исклучен веќе 8 дена, па пресметките за фрлени пари стануваат огромни со секој изминат ден.

Заедно со првичната сума, заради ненавременото сервисирање, се фрлаат близу 2.000.000 евра.

Ова не е прв дефект во РЕК Битола, имено во изминатиот период неколку пати се исклучувани од употреба блоковите во РЕК, што државата ја чинеше милиони.

Граѓаните често се незадоволни од менаџирањето со РЕК Битола поради фактот што од оваа институција на име тендери и договори во 4 очи се испумпуваат милионски суми за извршување на разни услуги.