Актуелно 14.10.2018 18:33

Скандал по скандал, битолчани разочарани: Васко Ковачевски мисли дека РЕК Битола му е даден во наследство од татко му

Скандал по скандал, битолчани разочарани: Васко Ковачевски мисли дека РЕК Битола му е даден во наследство од татко му

Васко Ковачевски мисли дека РЕК Битола му е даден во наследство од татко му, па има право да брка, да прераспределува од едно работно место на друго. За кусо време ќе биде свесен дека не е така. Функцијата е минлива, ама ние остануваме тука жители на Битола. Пак ќе се сретнеме на Широк Сокак…..
Каде тогаш ќе се криеш екс пратениче и екс директоре? Мислиш дека твоите вечно ќе се на власт? Ќе те плукаат на улица, алооо….. – стои на фејсбук страницата Bitola Macedonia, пишува Република.

Незадоволството од новиот директор на РЕК Битола е големо. Битолчани секојдневно го искажуваат својот револт, а скандалите постојано се нижат.

Ден после оддржувањето на референдумот вработените во РЕК Битола се пожалија дека се прави рефаншизам, односно се бркаат од работа оние кои не излегле на референдум. Тогаш на социјалните мрежи осамна писмо од група на работници во РЕК “Битола“ што беше упатено до раководството на ЕЛЕМ, премиерот Заев, до Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, Сојузот на синдикатите, амбасадите, политичките партии и медиумите.

Во дописот се вели дека поради неуспешниот референдум, ден потоа, директорот Васко Ковачевски неможејќи да се помири со резултатите од референдумот, започнал да дели решенија на повеќе работници за прераспределба на други работни места со помали коефициенти, главно вработени од претходната влада или членови на опозициските партии.

„Се преместуваат професионалци во струката, од термоцентралата во рудниците, лица кои се неопходни за нормално функционирање на процесот на производство, со што, се доведува во прашање целокупната работа на термоелектраната“, се вели во дописот.

Ден-два пред референдумот пак, во медиумите се појави информација за експлозија во РЕК Битола. Оттаму демантираа. Сепак на крај се покажа дека не се работи за „многу врева за ништо“. Кај што има чад има и оган, па така, и покрај обидот на раководството да се сокрие вистината од јавноста, се испостави дека сепак, проблеми имало.

РЕК Битола повторно во прекин! Блокот 2 е надвор од погон. Причина е експлозија во 6 КВ напонска келија за напојната пумпа. Блокот сигурно ни денеска нема да биде ставен во погон – беше веста на крајот на септември.

-Oва е втор прекин во блокот два, а не минаа ниту 20 дена како е ставен во функција по редовниот ремонт кој траеше 47 дена и чинеше неколку милиони евра! Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори, зошто по толку скап ремонт, по само десетина дена два пати се расипува вториот блок на РЕК Битола, изјави тогаш на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој тогаш посочи дека на 21 септември поради дефект на електростатскиот филтер на двата ремонтирани блока 1 и 2 РЕК Битола работела цел ден со исфрлање на целата пепел во атмосферата и силно ја загадува околината на РЕК Битола и пошироко. Стоилковски запраша зошто ЕЛЕМ ги крие вистинските причини за овие зачестени испади? Како може веднаш после ремонт на блоковите да се случуваат вакви хаварии? Колкава е штетата од загадувањето? Ако сега има експлозии во Блоковите, што ќе се случува зиме? Дали истото ќе го снајде и третиот блок чиј што ремонт, според најавите е во тек и ќе трае до 15ти октомври?

Од доаѓањето на Ковачески за директор на РЕК Битола, започнаа и низата скандали. Тој се занимаваше со тоа кој објавил фотка од работа, наместо да се фати со решавање на сериозните проблеми. Во февруари ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ платил двојно повисоки цени за ислоп на јаглен за РЕК Битола и дека буџетот е оштетен за милионски суми.

„СДСМ на очиглед на сите ги троши парите на просечниот граѓанин за да ги задоволи апетитите на своите олигарси. Имено за наводна итна зделка се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола. Милионскиот скандал кој го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола ќе се исплати директно од џебот на граѓаните“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.

Вработените во февруари се жалеа на партиски реваншизам. Беа доставени одлуки за откажување на договор за вработување со понуда за склучување на нов променет договор за вработување. Со решенијата се вршеше деградирање на вработените, нивна прераспределба на несоодветни работни места кои не одговараат на професионалниот профил на вработените.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција откри дека компанијата на братот на Премиерот, Вице Заев вози за РЕК Битола.

-Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, која пак претходно добива огромен бизнис во 4 очи. Од материјалот кој може да се види Фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила на кои како што се гледа од приложениот материјал се со јасна ознака на оваа компанија, но истите возила се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев- објави тогаш Мицкоски.

Мицкоски посочуваше дека власта е фатена како мести тендери во РЕК Битола. Тој потенцираше дека за може да се „штелуваат“ тендерите, прво мора да се елиминира Советот за јавни набавки кој е последниот филтер меѓу економските оператори и нарачателите, што владата го укина кон крајот на минатата година.

По склучувањето скапи јавни набавки во четири очи, промените на решенијата и деградирањето на над 300 вработени, стопирањето на еден од најзначајните проекти за Битола и битолчани – проектот за Топлификација на Битола, вработените во РЕК Битола се пожалија и дека се жртви на политички притисоци со цел нивно приклучување кон новоформираниот синдикат под контрола на власта.

„Новото раководство на АД ЕЛЕМ кое го постави СДСМ најпрво направи се за да ги спречи редовните синдикални избори на Самостојниот Синдикат од Енергетика, Рударство и Индустрија на Р. Македонија. Покрај тоа, раководството на СДСМ ги блокираше сите средства на оваа синдикалната организација по основ на членарина и задршки од вработените за роба како и другите приходи кон синдикатот. За да биде скандалот поголем, одземени се и работните простории на овој репрезентативен синдикат на АД ЕЛЕМ. Сето ова се прави со цел работниците да се приклучат кон новата синдикална организација која треба да биде марионета на СДСМ. Но, бидејќи новоформираниот синдикат се уште нема членство, од страна на претпоставените на компанијата се делат пристапници на вработените со закани дека ако истите не бидат потпишани ќе сносат последици. И додека се врши притисок врз вработените, претпријатието стагнира. Според информации кои ги добивме од терен, сите големи проекти стагнираат или се запрени од страна на новото раководство. Количеството на јаглен на депонијата е минимално, односно 30.000 тони, што доколку работат трите блока истовремено не е доволно ниту за три дена. Ова се прави во време на власта која додека беше во опозиција ветуваше слобода и живот. Наместо тоа сведоци сме на притисоци, закани и заплашувања. Очигледно фразата “живот за сите”, билa само за предизборна употреба“ – обвинуваа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.