Актуелно 24.02.2019 23:52

Милошоски: Обвинителниот акт и расправата во Собранието, и расправата во судот се политички нарачани процеси

Милошоски: Обвинителниот акт и расправата во Собранието, и расправата во судот се политички нарачани процеси

Во вечерната седница за расправање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Антонијо Милошоски потенцираше дека има политички притисок врз правниот систем во државата.

-Обвинителниот акт и расправата во Собранието, и расправата во судот се политички нарачани процеси, каде што онапред се знае кој ќе биде обвинет, однапред се знае кој и кога ќе биде притворен иако не мора. И однапред се знае кој ќе биде и во кој момент осуден, нагласи Милошоски.

Милошоски појасни дека политичката одлука е посилна од доказите со кои што обвинителството располагало уште пред една година дена и оценило дека нема основа за обвинителен акт.

-Во меѓувреме веројатно поради политички причини извршен е притисок врз обвинителството да ја смени својата проценка и да поткрене обвинителен акт кој што е резултат на политичка наредба. Затоа сметам дека овој случај со господинот Вељаноски не е ниту прв, и според мене нема да биде ниту последен каде што имаме политички нарачани обвиненија, ќе имаме политички нарачани расправи по судови и ќе имаме политички нарачани пресуди, посочи Милошоски

Најнови вести