Актуелно 27.03.2025 09:10

Министерката Јаневска и градоначалникот Ѓорѓиевски во посета на ОУ „Партенија Зографски“

Министерката Јаневска и градоначалникот Ѓорѓиевски во посета на ОУ „Партенија Зографски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го посетат основното училиште „Партенија Зографски“ во Скопје.

Во ова училиште, како што информираат од ресорното Министерство, започнати се активности за поставување на фотоволтаичен систем, како дел од проектот за подобрување на енергетската ефикасност и поставување фовотолтаици на сите училишни објекти во рамки на општината.