Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема.
За време на одржување на меѓународниот саем министерот Мисајловски ќе присуствува и на приемот за министрите за одбрана чиј домаќин е министерката за одбрана на француските вооружени сили, Катерине Ваутрин и ќе оствари средба со Хелен Конвеј-Мурет – потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на францускиот Сенат.
Оваа посета е одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето на одбраната, кои ќе бидат од особено значење имајќи ги предвид следните чекори за модернизација на опремата за македонската Армија.