Финансии 08.08.2025 09:58

Министерот Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари

Министерот Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов, за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ.

Со финансиските средства е предвидена набавка на:

– Специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи;

– Градежни машини – Булдожери;

– Дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и

– Трактор со витло.

Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди.