Актуелно 23.03.2019 11:01

Министерството за финансии најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација

Министерството за финансии најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација

Министерството за финансии во следниот период најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација.

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, финансиската писменост и познавањето на финансиските услуги и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки.

Од Министерството за финансии информираат дека училиштата и факултетите можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација преку е-мејл адресата edukacija@finance.gov.mk.

Во рамки на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии има организирано повеќе посети и предавања на основни и средни училишта. Кон акцијата се приклучи и министерот Тевдовски, кој вчера одржа предавање во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а следната недела се очекува тоа да го стори и на Универзитетот во Штип.

Поврзани вести

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.