Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со полковникот Даниел Сквајерс, кој ја завршува својата функција како одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави.
Благодарност за интензивната соработка и посветеноста кон развојот на македонско-американските одбранбени односи до полковникот Даниел Сквајерс, кој ја завршува својата функција како одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски.
На денешната средба разговаравме за видливите успеси кои резултираа со зголемување на капацитетите на македонската Армија, особено преку процесот на модернизација и опремување преку кој е набавена и софистицирана воена опрема од американско производство, како и за понатамошно унапредување на соработката и отворање нови можности за нејзино продлабочување во иднина, потенцира во објавата Мисајловски.
Полковникот Сквајерс е исклучителен професионалец и пријател на нашата држава. Му посакав успех во извршувањето на неговата следна функција, додаде Мисајловски.