ВМРО-ДПМНЕ повторно на терен, повторно сме со граѓаните и денеска имаме одлична можност тука во Бутел да поразговараме со граѓаните и да ги слушнеме нивните мислења и секако да видиме она што е најважно за нив и да разговараме за сите политички актуелни теми, ова на вечерашната средба со граѓаните од Бутел го порача Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Секако референдумот е главна тема овој период и за неколку дена веќе завршува овој референдумски период каде што гледаме само еднострани пораки. Од една страна слушаме само владини претставници велат независно колку граѓани ќе излезат они повторно ќе продолжат во Собранието на Македонија. Прашањето дали они ги сметаат граѓаните само за статистика? Од друга страна, доколку не е важно за нив зошто сите овие пари што се фрлени, односно се употребени за кампањата, зошто со тие пари не се изградеа градинки, болници, зошто овие пари навистина не беа за граѓаните?, прашува Мисајловски.
Тој додава и дека ако навистина СДСМ не ги интересираат граѓаните, зошто толку кампања и толку многу средства се потрошија само за да граѓаните изиграваат статистика.
-Се надевам дека оваа влада ќе почне да работи, оваа влада поставена само за едно прашање да распродаде се она што државата го има, она што е вековно и национално, поставена само за лоши работи и конечно некој да почне да работи. Денеска можеме да видиме дека капиталните инвестиции ги нема, дека има пад во економијата како никогаш до сега, ништо не се работи и се се кочи, а слушаме изборни ветувања, слушаме како повторно ќе зголемувале пензии, се ќе направеле, а забораваат дека они се Владата. Забораваат дека пред година и пол ветиле многу работи, но ништо од тоа, нема 500 евра плата, 500 километри автопати и слично, потенцира Мисајловски.
Тој порачува дека СДСМ и оваа влада доста да го лаже македонскиот народ и да се фатат за работа, а од друга страна Македонија ќе биде вечна, а граѓаните бараат подобар живот, но навистина оној кој им следува, а не со лаги и манипулации.