Денеска во Министерството за одбрана остварив средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, објави на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
- На средбата разговаравме за актуелната безбедносна состојба во регионот и Европа и за заедничките активности кои ги преземаме во однос за одржување на мирот и стабилноста. Упатив благодарност за успешната соработка и поддршка која Европската Унија ни ја дава за развој на одбранбените капацитети, истакна Мисајловски.