Актуелно 15.07.2026 12:53

Мисајловски: SEEBRIG – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството

Мисајловски: SEEBRIG – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ присуствуваше на церемонија за затворање на Командата на Бригата на Југоисточна Европа во Македонија.

-Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството. Денеска заврши едно успешно поглавје за SEEBRIG, во кое Македонија беше домаќин на Командата на оваа значајна регионална иницијатива, каде уште еднаш покажавме дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер, подготвен да преземе одговорност и конкретно да придонесе за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. Еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка, изградена врз вредностите кои сите ние ги споделуваме е потврда дека оваа соработка е практичен и ефикасен инструмент за зајакнување на колективната безбедност. Нашата соработка продолжува од нејзината нова локација во Истанбул, Република Турција, вели Мисајловски.

Министерот изрази благодарност до сите команданти и припадници на Командата кои служеа овде во Куманово, за нивната посветеност и придонес во исполнување на мисијата.