Актуелно 02.11.2018 23:46

Мисајловски: Секое зрно тежи во амбарот, заедно обединети ќе победуваме

Мисајловски: Секое зрно тежи во амбарот, заедно обединети ќе победуваме

Вистинскиот политички противник на ВМРО-ДПМНЕ е СДСМ, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Државата оди во амбис.  Економијата пропаѓа, земјоделието е упропастено, нема ниту еден нов проект. Имаме економски и политички егзодус и на тоа мораме да му ставиме крај, а кој друг ако не ние.  ВМРО-ДПМНЕ за многу бргу ќе биде победничка партија, само обединети и сложни ќе тргнеме кон нови победи.  Претседателот има полна доверба од сите нас но и од граѓаните. Ние мора да ги прифаќаме и критиките што се насочуваат кон сите нас од партијата бидејќи некогаш тие критики се добронамерни и доаѓаат од луѓе што го сакаат ВМРО и Македонија, а од друга страна тие критики треба да не направат посилни и помудри. Мора да ги отвораме вратите за сите луѓе, секое зрно тежи во амбарот и сите ние мораме да се вложиме повеќе и заедно обединети да победуваме. Постојано и постојано треба да се говори за ВМРО, но никако не смее да се спомне за тоа што власта нема ниту еден капитален проект, постојано треба да се зборува и прогонува ВМРО но никако не треба да се зборува за уставните амандмани и промената на Уставот, постојано треба да се зборува за фабрикуваните и политичките процеси кон почесниот претседател, поранешни раководни лица, граѓани и патриоти само не смее да се зборува дека се менува името на нашата татковина Република Македонија. Угнетувањето спрема ВМРО трае со години и продолжува само за една цел а тоа веќе му е на секој повеќе од јасно што е целта, но ние мораме сите да зборуваме за реалните теми и да ја критикуваме сите заедно оваа власт за да ја натераме барем нешто да работи во полза на македонскиот народ, порача Мисајловски.