Економија 13.06.2018 18:53

Митко Јанчев: Владата ветуваше економски бум, а испорача економски колапс

Митко Јанчев: Владата ветуваше економски бум, а испорача економски колапс

Во вчерашната емисија Отворено со Младен Чадиковски на телевизија 24 гостуваа градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, Вице премиерот Кочо Анѓушев, Бранко Азески од Стопанската комора и Даниела Арсовска од Сојузот на стопански комори.

Имено, во емисијата се коментираше економската состојба во земјата после информациите за катастрофалниот раст на БДП од само 0,1 % во првиот квартал од 2018 година. Претставникот од Вмро-Дпмне и актуелен градоналалник на Кавадарци Митко Јанчев рече дека владата ветувала многу и според сите очекувања требаше да испорача енормен економски раст но тоа не се случи.
-Владата изгуби скапоцено време на надворешната политика со што ја запостави економијата истакна Јанчев. Тој исто така кажа дека слабата реализација на капиталните инвестиции, негативната кампања кон рударството и слабата администрација ја доведоа македонската економија на дното на Европа.

– Државата не смее да прави негативна кампања за тешката индустрија бидејќи без тешка индустрија нема економски раст потенцираше Јанчев.
Исто така Митко Јанчев кажа дека слабиот економски раст е резултат на неработењето да одредени министерства кои воопшто не распишуваат тендери. Јанчев не потенцираше за кое точно министерство станува збор но изрази загриженост поради фактот што тоа Министерство оваа година имало распишано само два тендери во споредба со лани истиот период каде имало распишано 20 тендери. Актуелниот градоначалник Митко Јанчев смета дека ова има огромно негативно влијание врз економската активност на фирмите а со тоа и на целокупната економија.