Финансии 29.10.2024 11:39

Мицкоски дециден: Едно е сигурно, платите на функционерите нема да се зголемат

Мицкоски дециден: Едно е сигурно, платите на функционерите нема да се зголемат

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека „едно е сигурно“, а тоа е дека функционерските плати нема да се зголемат. Според него, тоа ќе се направи преку корекција на коефициентите на платите.

-Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е ка од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите, кажа премиерот пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.

Беше предвидено платите на функционерите од јануари 2025 година повторно да се зголемат согласно растот на годишната просечната плата, која е основица за пресметување и тоа од околу 330 евра за највисоките функционерски плати за премиерот, претседателот и спикерот, до околу 130 евра за најниските.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.