Актуелно 21.01.2025 10:32

Мицкоски на инаугурација на Трамп: Единствен лидер од Балканот кој присуствува, ја следеше од ВИП ложа, бројни средби и промоција на МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на инаугурација на Трамп: Единствен лидер од Балканот кој присуствува, ја следеше од ВИП ложа, бројни средби и промоција на МАКЕДОНИЈА

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е единствен лидер од Балканот кој присуствуваше на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Инаугурацијата ја следеше од ВИП ложа заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Мицкоски во рамките на посетата на САД оствари бројни средби со високо позиционирани луѓе во американското општество и ја испромовира Македонија на начин на кој до сега ниту еден политичар порано не ја промовирал нашата земја.

Ценејќи од средбите, јасен е фокусот на оваа влада за Македонија- политичка стабилност, квалитетна меѓународна претставеност, економски развој…

Ретроспектива на средбите на Мицкоски:

-Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.
Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината.
Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината.

-Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Devin Nunes, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – канадски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе компании и основач на кошаркарскиот НБА клуб Торонто Репторс, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Rumble групацијата.
Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас.

-Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја.

-Спортот знае да обединува. Во Вашингтон на прединаугурацискиот МАГА бал со Patrick Bet-David, бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки ( NY Yankees). Добра прилика за размена на ставови за спортот и она што претставува пасија за многу луѓе.

-Разговор со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Megyn Kelly.

Имав средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.
Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план.
Се бориме за секој интерес на Македонија!

-Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Donald J. Trump

-Инаугурација на Donald J. Trump. Краток преглед на настанот!

-Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите!

Ова е втора инаугурација на Доналд Трамп, а тој е 47. претседател на Соединетите Американски Држави.