Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека денес присуствувал на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутирало клучни прашања за иднината на нашиот континент.
-Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас, истакнува Мицкоски во објавата на Фејсбук.