Актуелно 16.12.2024 09:12

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе има состанок со Советот на странски инвеститори.

Од владината прес-служба соопштија дека по состанокот премиерот Мицоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Денешниот состанок беше договорен на претходната средба на Мицкоски со Советот на странски инвеститори одржан на 4 септември годинава.

Владиниот тим предводен од премиерот и претставници на 40-тина компании со странски капитал кои работат во земјава, тогаш разговараа за барањата и потребите на бизнисот, за унапредување на владеењето на правото и правната сигурност. Договорено беше и формирање работни групи кои ќе работат на конкретни подобрувања на бизнис климата во државата и зголемување на конкурентноста и успешна работа на постојните инвеститори, како и привлекување нови странски инвестиции.