Актуелно 10.03.2026 11:48

Мицкоски: Нема прекини во снабдувањето на гориво

Мицкоски: Нема прекини во снабдувањето на гориво

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево.

Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари. Премиерот по увидот даде изјава за медиумите а воедно одговараше новинарски прашања за моменталите зголемувања на цените на нафтата.

-Факт е дека како држава имаме убедлино најниска цена на нафтата и тоа во мементот е и можеби добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните општини во делот на бензинските пумпи се создава притисок од соседството. Бидејќи голем број од граѓанитѕе од соседството доаѓаат да точат дизел гориво и затоа се случува да на некои бензиски пумпи да снема гориво од тоа што е очекувано. Но тоа брзо се надоместува, нагласи Мицкоски.

Тој потенцира дека државниот пазарен испекторат е континуирано на терен и нема прекини во снадбувањето.

-Ако се има во предвид после нивелирањето на цената после вчера од страна на Регулаторна комисија за енергетика кај нас дизел горивото е 1,39 евро во соседна Албанија е 1,13 евро односно за околу 30% поскапо и логично е да имаме притисок во западниот дел во државата. Исто така во Србија е 1,73 евро – центи што е некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија, како и во Косово варира цената ама достигнува до 1,52 евро што е некаде околу 10%, потенцира Мицкоски.

Премиерот потенцира дека во регионот имаме најниска цена за дизел горивото а слична е цената и со бензинот 95 октани и 98 октани.

-Очекуваме притисок од предиодот што следи но имаме доволно количини, разговареме со дистрибутерите и со компаниите коишто ги снабдуваат граѓание и македонската економија со нафта и нафтени деривати и во моментот нема опасност од било каков недостаток, дециден е премиерот Мицкоски.