Актуелно 16.06.2026 10:47

Мицкоски: Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови

Мицкоски: Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе објави влез на нова странска инвестиција која ќе биде лоцирана во ТИРЗ Тетово.

-Компанијата Џаво Отмотив e глобален производител за автомобилската индустрија со повеќе од 40 години искуство, ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови работни места. Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови, а извозот на компанијата во полн капацитет ќе достигне 45 милиони евра годишно. Ова е уште една потврда дека довербата во македонската економија расте, дека инвеститорите ја препознаваат стабилноста и дека државата повторно станува атрактивна дестинација за нови вложувања, објави премиерот.

Мицкоски додава дека тие не ветуваат фабрики, туки отвораат фабрики.

– Не ветуваме работни места – создаваме работни места. Не зборуваме за развој – го реализираме, објави премиерот на Фејсбук.