Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ја посети Општина Битола.
Мицкоски присуствуваше на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.
-Генерално и министерот и градоначалникот кажаа што е цел на денешната работна посета, но има уште една значајна цел а тоа е одбележување на 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕм денес ќе имаме централен настан овде во Битола. Денеска ќе ги посетиме сите овие објекти за кои што зборуваше и министерот и градоначалникот, сега сме на првиот. Убеден сум дека ова ќе значи додадена вредност на квалитетот на живот во Битолчани, изјави Мицкоски.
Мицкосвски изрази благодарност до градоначалникот Коњановски на посветената работа досега.
-Се разбира очекувам да поведе на локалните избори уште во првиот круг, успешна работа и во иднина, мнозинство во советот која ќе биде како додадена вредност во квалитетот на работа , а не како до сега да ја кочи, потенцира Мицкоски.
Вредноста на договорот е 96.000.000 денари, додека рокот на реализација е до декември 2026 година.