Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика во врска со прометот на услугите и неговото влијание врз економијата, при што изјави дека тоа е уште еден од низата параметри и индикатори коишто покажуваат дека конечно започнуваме да се развиваме. Во второто тримесечје, во вториот квартал, имаме пораст во делот на услугите за 3,5%. Охрабрувачки е и што во првите седум месеци, од јануари до јули, во делот на туризмот имаме над 10%, повеќе туристи споредено со истиот период од минатата година.
- Тоа е уште еден од низата параметри и индикатори коишто велат дека конечно започнуваме да се развиваме. И тоа е причината, сите оние центри на моќ, на коишто не им одговара Македонија да биде повторно водечка и во економијата, и во мирот, и во стабилноста, и во меѓуетничките односи во регионот, да предизвикуваат тоа што го прават изминативе денови. Во второто тримесечје, во вториот квартал, имаме пораст во делот на услугите за 3,5%. Но, она што за мене е исклучително важно и охрабрувачки е што во првите седум месеци, од јануари до јули, во делот на туризмот имаме за 10%, за 10,5% повеќе туристи споредено со истиот период минатата година. Очекувам таа бројка до крајот на годината да биде и до 15%, што ќе биде најголем раст во регионот, убедливо. Истовремено, ќе ми дозволите да потсетам дека во првите седум месеци бројот на странски гости и туристи, коишто ја користат Македонија како место за одмор, е зголемен за 15% споредено со истиот период минатата година. Очекувам до крајот на годината таа бројка да биде околу 25%.“, информираше премиерот.
Тој нагласи дека токму овие индикатори ги загрижуваат центрите на моќ.
- Така што, сите овие индикатори ги загрижуваат овие центри на моќ, коишто не сакаат оваа Влада да успее, коишто не сакаат Македонија да биде стабилна, мирна и просперитетна. И тие се обидуваат со ваков тип на лешинарење и подметнување да функционираат. Но, ќе повторам – ние ќе се бориме и ќе ги победиме, истакна Мицкоски.