Мотивационото писмо е задолжителен дел од документите со кои кандидирате за работа, па затоа не треба да го занемарите. Тоа ќе ви помогне да се истакнете од другите кандидати и ќе ве доближи до посакуваното работно место. Сите знаеме колку е тешко денес да се најде убава работа. Конкуренцијата на пазарот на трудот е преголема, за да си дозволите да ја игнорирате важноста на мотивационото писмо.
Преку мотивационото писмо вие ја добивате првата шанса да комуницирате со вашиот потенцијален работодавач, со ваши зборови. Внимателно избирајте што ќе содржи вашето мотивационо писмо и следете ги следните совети.
Еве неколку совети, кои ако ги следите ќе придонесат за подобрување на вашето мотивационо писмо.
1. Мотивационото писмо не е есеј. Многу често луѓето сметаат дека стилот на пишување за мотивационото писмо треба да биде ист како за есеј, но тоа не треба да биде така. Стилот на пишување не треба да биде премногу „филозофски“.
2. Параграфите треба да бидат видливо одделени. Мотивационото писмо треба да има убав изглед и лесно да може човек да се ориентира во него.
3. Не експериментирајте многу со дизајн или фонтови. Ако кандидирате за посериозна позиција, вашето писмо треба да има формален изглед. Доколку кандидирате за позиција дизајнер, можете да експериментирате со малку боја и понестандардни фонтови, но сето тоа да е направено со вкус.
5. Внимавајте за грешки. Печатните и граматичките грешки не треба да бидат дел од мотивационото писмо. Проверете го текстот за грешки со помош на програма за Spell Check и потоа пак прочитајте го писмото неколку пати.
6. Побарајте критика. Побарајте некој ваш близок да го прочита писмото и да ви даде конструктивна критика.